СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нека се грижат за Ќосето и Ванчо Михајлов, за Гоце Делчев не е потребна декларација

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ нека продолжи да се грижи за оние за кои правеше споменици и ги величаше, како Ќосето, Александров, Мијалов. За најголемиот македонски херој, за нашиот великан Гоце Делчев не се потребни декларации, не заслужува неговата големина да се сведува на политички подметнувања и декларации“, соопшти СДСМ.

„Нема што друго ВМРО-ДПМНЕ да понуди пред граѓаните освен политички подметнувања и обиди за поделба меѓу граѓаните и помеѓу македонскиот народ.

Нема да дозволиме да се понижува делото на великанот Делчев, ниту да ни држат лекции оние кои со бројни потези го срамат неговиот лик.

Нема да учествуваме во дневнополитички театар на ВМРО-ДПМНЕ чија единствена цел е да им помогне на оние центри кои не сакаат Северна Македонија да ги почне преговорите со ЕУ“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби