СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на најјако се заглавени во матрицата на груевизмот

Од:

СДСМ како одговорна и државотворна партија секогаш ги слуша потребите и гласот на народот, подготвена да се менува суштински, се со цел подобро да им служи на граѓаните и државата, реагира СДСМ на денешната прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Демонстрираната одговорност и преземените промени се доказ за определбата на СДСМ да го забрза напредокот на земјата, да обезбеди подобри услови за живот и повисок животен стандард.

Од друга страна, одговорноста и потребите на граѓаните се непознати категории за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ денеска се полоши од кога било. Покрај безидејноста, ВМРО-ДПМНЕ е целосно посветена на лажни вести, измислици и деструкција. Нивната единствена политичка агенда е одбрана на криминалот и враќање на режимот.“ наведено е во реакцијата на партијата.

Според СДСМ, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не нудат ништо за граѓаните, ништо што е во интерес на државата и немаат ниту една идеја за промена, за излез од деструктивната матрица на груевизмот во која се влезени.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски