СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од дебата, сакаат да го поткопаат Договорот од Преспа

Од:

„Анти НАТО Мицкоски денеска потврди дека е дел од оние што сакаат да го поткопаат Доворот од Преспа, да ги закочат ЕУ и НАТО интеграциите на Македонија.

Толку ниско падна антизападниот Мицкоски што процесите за членство во ЕУ и НАТО во Собранието ги прогласи за фарса. Во истиот ден кога од стратешкиот партнер на Македонија, САД, пристигна потврда за напредокот на земјава, за значењето на Договорот од Преспа и охрабрувањето за заокружување на процесот за полноправно членство во НАТО и ЕУ.

Анти НАТО Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ може да бегаат од дебата но членство на Македонија во НАТО и ЕУ нема да биде спречено.

Огромно мнозинство од над 80% од граѓаните се за НАТО и ЕУ и затоа стратешката определба на Македонија мора да биде почитувана.

Македонија и нејзините граѓани одат напред, кон иднина во ЕУ и НАТО“, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Антонио Милошовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни