СДСМ: Мицкоски и Јанушев да ги повикаат пратениците да го поддржат Барањето за автентично толкување

Од:

Наместо да кажат дали ќе го поддржат Барањето за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со неодговорни предлози кои се во функција на одбегнување на правдата, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Игор Јанушев и Христијан Мицкоски да не вртат од околу, туку да ги повикаат пратениците да го поддржат Барањето за автентично толкување поднесено од СДСМ со кое се става крај на незаконската аболиција од Ѓорге Иванов.

Мора еднаш засекогаш да се затвори незаконската амнестија на Иванов. Секој што се огрешил пред законите мора да одговара, а сите започнати предмети и истраги мора да добијат правна разрешница.

За некој што се огрешил пред законите не е прашањето со што ќе се занимава, туку првенствено мора да одговара за своите постапки согласно законите.

Предлогот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во суштина значи дека сите од ВМРО-ДПМНЕ што 11 години краделе треба да бидат амнестирани, да не одговараат, па после да им се забрани да се занимаваат со политика. Тоа е несериозно и срамно. Одговорноста мора да биде на прво место.

Затоа прво треба да ја затвориме нелегалната амнестија на Иванов, па да разговараме и за други предлози како и за проширување на забраната за политичко учество и со лица кои се под истрага, на лица под обвинение или за кои беа презентирани прислушувани материјали кои укажуваа на нивна вклученост во незаконски дејствија.

Што се однесува за предлогот за испитување на имот на функционери, тој е задоцнет, таква проверка веќе се случува.

Затоа Мицкоски јасно и гласно треба да ги повика пратениците од ВМРО- ДПМНЕ да го поддржат автентичното толкување на член 11, а не само декларативно да ја замајува јавноста дека се залага за правда и за владеење на правото.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже дали Филипче е во Дубаи и по кој основ се стекнал со златната виза

СДСМ по изјавата на Бране Петрушевски: ВМРО-ДПМНЕ донесе закон со кој се намалија казните

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Бендевска: Штабовите на СДСМ се како музеи на политичка археологија – затворени, запрашени, заборавени