СДСМ: Мицкоски и антиевропското ВМРО-ДПМНЕ немаат чувство за државните и за националните интереси

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ со спотови и песни ја слави блокадата на Бугарија на преговарачката рамка на Северна Македонија за Европската унија, со што, уште еднаш докажува дека нема чувство за државните и за националните интереси.

Ова е реприза на однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во изминатиот период“, вели СДСМ.

„Не направија ниту еден чекор напред за европската интеграција на земјава, само кочеа, кочеа кога се носеа реформите важни за иднината на државата, се обидоа да го кочат влезот во НАТО и останаа на страната спротивна на интересите на граѓаните и на државата.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се радуваат во овој тежок момент, но добро знаат дека не им успеаја блокадите за НАТО, нема да им успеат ни за ЕУ.

Ниту едно деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја спречат европска иднина на нашата држава“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците