СДСМ: Мицкоски ги штити виновниците за бегството на Рамадани, ОЈО итно да спроведе истрага и да се објават снимките

Од:

Бегството на Рамадани, односно организираната партиско полициска шема за негово пуштање е огромен, мега скандал за кој мора да има одговорност. Власта на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ е фатена жива, велат од СДСМ.

„Тоа што Христијан Мицкоски се фрли на обвинувања на СДСМ и не бара одговорност од никого, покажува дека наредбата за реализација на оваа партиско полициска шема за пуштање на Рамадани на Косово дошла од повисоко.

Христијан Мицкоски наместо да побара одговорност и внатрешна истрага за скандалот, тој се обидува да го забошоти. Како Мицкоски знае за она што го објави СДСМ без истрага?

СДСМ бара ОЈО да спроведе независна истрага, да не штити никого во овој мега скандал. СДСМ бара декласификација и објавување на снимките од граничниот премин веднаш. Нека се објават снимките и нека видат граѓаните која е вистината. Лагите на Мицкоски ќе излезат на виделина секако. Тошковски треба да си даде оставка а ОЈО да отвори постапка за организирано пуштање на слобода на затвореник од страна на лица вработени во МВР и Општина Чаир“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски