СДСМ: Мицкоски ги навредува докторите и го поткопува здравствениот систем

Од:

„Во време кога целиот свет е обединет во борбата проти коронавирусот, во време кога сите даваат придонес за справување со пандемијата мрачниот Мицкоски одмага и го поткопува здравствениот систем.

Црниот придонес на Мицкоски од почеток на пандемијата се состои од масовно прекршување на мерките за заштита од коронавирусот, одење по тератани и ресторани кога тоа е забрането, ширење лажни вести дека нема доволно тестови, кревање паника кај граѓаните дека нема доволно заштита опрема“, велат од СДСМ.

„Преку своите послушници, Мицкоски кочеше финансиска помош од Светска банка за опремување на 16 ковид центри низ државата, придонесе полицијата да не ги казнува прекршителите на мерките за заштита.

Неговиот Вело Макровски лажно ги клеветеше здравствените работници дека терапиите се несоодветни, ги советуваше граѓаните да не носат маски затоа што вирусот не е опасен.

Со организирање морбидни перформанси на кои се злоупотребува смртта на граѓаните, некрофилот Мицкоски го покажа своето нечовечно лице, без трошка сочувство ги злоупотребува починатите од коронавирусот и нивните најблиски за политичко профитирање.

Мицкоски ги навредува докторите и се обидува да го поткопува здравствениот систем.

Граѓаните гледаат дека мрачниот Мицкоски се грижи само како да ја задржи фотелјата во белиот дворец и затоа тој уште долго ќе остане во опозиција“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“