СДСМ: Мицкоски е заробеник на политиката на Груевски

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешното видео обраќање на Мицкоски во вркса со убиството кај Смилковско езеро.

„Ниски страсти, црни кампањи, поигрување со судбините на граѓаните, попречување на правдата и злупотреби на судските процеси беа одлика токму на 11 годишното криминално владеење на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски.

Денешното, во најмала рака срамно обраќање на наследникот на Груевски, Христијан Мицкоски, каде со ист речник, со ист интензитет се шират лаги и манипулации, покажува дека тој се уште е заробеник на политиката на неговиот претходник.

Тоа ниско, приземно ниво, што го промовира Мицкоски говори многу за него и за жал со тоа продолжува да ја оддалечува ВМРО ДПМНЕ од прогресивните, демократски сили што ја движат Македонија напред. Очигледно е дека Мицкоски се уште не може да се оттргне од старата, поразена матрица на создавање омраза, поделби и конфликти во општеството.

Времето кога политиката се мешаше во судството, Груевски беше главен обвинител и судија, а судските процеси се нарачуваа и монтираа во премиерски кабинети, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Македонија, колку и тоа да не им се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, е правна држава со неселективно владеење на правото и секој што направил какво било прекршување на законите одговара за своите постапки“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски