СДСМ: Мицкоски е тој кој оди по амбасади и цимоли да се одмрзне имотот на криминалната ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Освен по деструкциите, Христијан Мицкоски е познат по ширењето лажни вести. Вистината е дека токму Мицкоски е тој кој оди по амбасади, плаче и цимоли да се одмрзне имотот на неговата криминална партија, замрзнат во судскиот предмет „Талир“ но и да бара ослободување на неговите партиски соработници од судските обвиненија и пресуди“, реагира СДСМ на изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Мицкоски е очаен што не успеваат неговите блокади на Собранието, очаен е што неговите градоначалници се прочитани од граѓаните а истовремено е исплашен за сопствената фотелја во белиот дворец.

Одговорност ќе има за сите, Мицкоски нема да успее да ги одбрани неговите соработниците, осудените криминалци од ВМРО-ДПМНЕ“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски

СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда