СДСМ: Мицкоски е симбол за непотизам, почна повлекувањето од морални причини

Од:

„Вистинската адреса за прашања за непотизам е Христијан Мицкоски. Таму ВМРО-ДПМНЕ треба да побара одговори како нивниот шеф станал асистент токму кај сопствениот татко и како добил бизнис со хидроцентрали од владата во која бил советник за енергетика.

Мицкоски е симбол за непотизам и судир на интереси.

СДСМ останува доследен на ставот дека во државната администрација нема и не смее да има реваншизми, притисоци и политика.

Новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата најави дека ќе го испита целиот процес на вработувањата во јавниот сектор на лица блиски до одредени функционери и јавноста навремено ќе биде информирана, а доколку се утврдат какви било прекршувања на процесите при вработување, ќе бидат преземени соодветни законски мерки.

Во меѓувреме, започна повлекувањето од работни позиции поради морални причини, без разлика што процесот на вработување бил транспарентен и законски. Тоа за ВМРО-ДПМНЕ беше и се уште е непозната категорија.

Ако ВМРО-ДПМНЕ е навистина загрижена за јавната администрација, нека побара од своите сопартијци да ги повлечат своите роднини од позициите кои им ги обезбедиле за време на нивното 11 годишно владеење“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра