СДСМ: Мицкоски е симбол на непотизам и судир на интереси

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на видео обраќањето на Христијан Мицкоски.

„Христијан Мицкоски е симбол на непотизам и судир на интереси.

Човек кој бил асистент кај неговиот татко, човек кој добил бизниси од Владата на Груевски кога бил советник, човек чијашто пратеничка група се противеше на носење на Законот за спречување корупција и судир на интереси.

Мицкоски нема минимум кредибилитет да зборува за борба против корупција.

Не постои поголемо лицемерие од тоа Христијан Мицкоски да зборува за корупција во однапред снимени видеа во скапоцениот дворец којшто е симбол на корупција и расипништво, изграден во време во најголема сиромаштија.

Корупцијата во Македонија се распространи единствено поради 11 годишното криминално и коруптивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ а доказ за тоа е се и бројните судски процеси што се водат против високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и членови на претходното раководство.

За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ започна сериозни реформи за вистинска, независна и неселективна борба против корупцијата.

Факт е дека Македонија за една година, од 2017 до 2018, има скок од 14 места и подобрување од два поени, што е показател дека државата се движи кон одговорно, отчетно и транспарентно владеење со целосно почитување на прописите и законите

Потребата од суштинска борба против корупцијата е врвен приоритет за СДСМ и Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи.

Во таа насока е донесениот Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси, со којшто Македонија конечно добива силна и независна институција за борба против корупцијата“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го проичита статутот

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски