СДСМ: Мицкоски е самобендисан лицемер, за барањата и условите за избори, не може да се договори ниту во својата коалиција

Од:

„Лицемерно е барањето на ВМРО-ДПМНЕ за помалку пратеници во составот на Собранието, тоа е истата партија која со години трошеше пари и организираше избори за дополнителни три пратеници во дијаспората“, соопшти СДСМ.

„На тој начин, со изборни неправилности, со едвај стотина гласови ВМРО-ДПМНЕ добиваше три пратеници.

За своите барања за предвремени избори и укинување на техничката влада, самобендисаниот Мицкоски не може да се договори ниту во сопствената коалиција, затоа што Алијанса за Албанците не прифаќа укинување на техничката Влада.

Мицкоски е уплашен затоа што неговите градоначалници ништо не работат и ја губат довербата од граѓаните, па затоа постојано ја малтретитра јавноста со барања за предвремени избори.

Во време на криза, институциите треба да се посветат на работа и проекти, граѓаните се уморни од избори и очекуваат конкретни решенија а не нови избори со кои системот ќе застане.

Избори ќе има во редовниот термин, во 2024 година“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби