СДСМ: Мицкоски е неодговорен, дејствува опасно по јавното здравје и единствено се грижи само да ја задржи фотелјата во белиот дворец

Од:

„Кога здравствените работници, институциите, граѓаните пожртвувано се борат против коронавирусот и последиците од пандемијата, Христијан Мицкоски останува неодговорен и лицемерен политичар, кој глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а всушност се грижи само како да си ја задржи фотелјата во белиот дворец.

Од почетокот на кризата со коронавирусот од Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ не видовме ништо друго освен неконструктивно делување, опструкции и лажни вести.

Христијан Мицкоски правеше притисок за предвремените парламентарни избори, глумејќи загрижен лидер, на кого му било важно здравјето на граѓаните, а од друга страна ни тој самиот не ги почитуваше здравствените протоколи, и поради него се отвораа теретани и се заклучуваа ресторани“, велат од СДСМ.

„Негов кадар во преодната Влада кочеше 33 милиони евра пари за опремување на здравствени установи. Да не беа блокадите на ВМРО-ДПМНЕ сега ќе имавме 16 опремени ковид болници.

Членот на неговиот Извршен Комитет Вело Марковски јавно зборува дека вирусот не е опасен и внесува заблуди во јавноста.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ со организирање јавни собири за спас на фотелјата на Мицкоски, на кои масовно се прекршуваат мерките за заштита од коронавирусот, го загрозува и здравјето на своите приврзаници и јавното здравје.

Христијан Мицкоски покажа дека е неспособен лидер, кому личните и партиските интереси му се поважни од здравјето на граѓаните. Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“