СДСМ: Мицкоски е на спротивната страна на идеалите на Гоце Делчев

Од:

„Бранителот на криминалот и неправдата, Христијан Мицкоски е на спротивната страна на идеалите на великанот и борец за социјална правда, Гоце Делчев. Тие двајца никако не можат да одат заедно.

Тоа, му го порачаа и граѓаните на изборите на 15 јули. Токму во градот Делчево Мицкоски убедливо беше поразен со над 1.000 гласа разлика. Ако Мицкоски не успеа да ги убеди граѓаните на Делчево дека тој е за Гоце Делчев, тогаш бадијала се обидува да глуми пред другите граѓани дека ја разбрал визија и идејата на Делчев“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Дали потрчкото на неправдата, Мицкоски, повторно ќе протестира со луксузни возила за борецот за социјална правда Делчев?

Колку и да му е тешко, Мицкоски треба да знае дека неговите деструктивни политики на се поразени, граѓаните решително испратија порака дека нема му дозволат преку лажен патриотизам и деструкција да ја враќа државата назад“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер