СДСМ: Мицкоски договара зделки во име на Арсовска, институциите да истражат и да постапат

Од:

„Христијан Мицкоски кажа дека преговарал со компании и дека бил во завршна фаза за подготовка на тендерска документација за набавка на автобуси за Град Скопје. Зошто Мицкоски преговарал во име на Арсовска за набавка на автобуси и како може претседател на партија да подготвува меѓународни тендери“, прашуваат од СДСМ.

„Дали заради Мицкоски е прекинат проектот за бас рапид транспорт во Скопје, поддржан од ЕБРД? Од ЕБРД не се добиваат тендери.

Дали и претседателот на Советот Трајко Славевски е вмешан во оваа партиска операција? Очигледно на повидок е нов голем скандал на ВМРО-ДПМНЕ.

И Груевски вака преговараше со Јанкуловска, за тоа на М. Вака Јанушев преговараше со Јанакиевски за кинеските автобуси. Вака и Груевски најавуваше трамвајски автобуси во Скопје.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истата корумпирана партија од времето на Груевски. Институциите треба да го истражат овој случај и да постапат, Арсовска мора да одговори на сите овие прашања“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата