СДСМ: Мицкоски до толку е збунет што не знае дека изборите се веќе распишани, а на нив го чека нов пораз од граѓаните

Од:

„Лажна информација и пуста желба на Христијан Мицкоски се тврдењата дека се размислува за одложување на локалните избори. Очигледно дека Мицкоски до толку е збунет што не знае дека изборите се веќе распишани со закажан датум 17 октомври 2021 година“, реагира СДСМ на изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Можеби Мицкоски посакува одлагање на изборите за да избегне нов пораз по ред, но таа желба нема да му се исполни.

Граѓаните очекуваат одговорна локална власт, ефикасни општини во служба на граѓаните и политики за успешни општини и задоволни граѓани. Тоа Мицкоски не може да го понуди, тоа го нуди СДСМ и нашата коалиција.

Клучните политички барања за локалните избори на опозицијата се исполнети и овој пат Мицкоски повеќе нема да има изговор за изборниот пораз и лошата кадровска понуда.

И самиот Мицкоски знае дека никој не верува во неговата кадровска понуда и самиот знае дека граѓаните одамна го препознаваат неговото лицемерие и дека одново ќе го казнат за неговите лажни вести, блокади и деструкции.

На 17 октомври граѓаните ќе застанат зад концептот на СДСМ кој води напред, концептот кој го носи најдоброто за секоја општина. На ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски им следува нов изборен пораз“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците