Мицкоски: СДСМ знаат дека ќе изгубат на следните локални избори

Од:

Во денешната изјава во Гостивар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, истакна дека СДСМ знаат дека ќе изгубат на следните локални избори и се исплашени затоа што тоа ќе значи создавање на услови за ново владино мнозинство и затоа сега, како што вели, бараат милион изговори за да ги одложат изборите.

Мицкоски појасни дека сега треба да се делува инвазивно и со нови мотивирани луѓе да се победи СДСМ за да чесните и вредните кандидати работат за граѓаните и државата.

-Одложување на изборите подразбира одложување на проблемите, единствен начин да се стави крај на сите проблеми на оваа неспособност и ова политичко мочуриште кое е реалност во Македонија е катастрофата кој ана следните локални избори ќе се случи на СДСМ-ДУИ, тие се исплашени знаат дека ќе изгубат на следните локални избори и со тоа ќе се создадат услови за ново владино мнозинство и сега бараат милиони изговори за да се одложат изборите. Затоа треба да се делува инванзивно. Тоа е огромна победа со здружената опозиција на локалните избори, ново владино мнозинство, потоа луѓе кои знаат како кои се мотивирани, кои што ќе ги засукаат ракавите и чесно ќе работат за граѓаните и државата, кажа Мицкоски.

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски посочи дека сите проблеми на граѓаните во врска и со лични карти и со се друго лежи во пораз на СДСМ на локалните избори. Мицкоски истакна дека нови луѓе со нова визија се она што и требаат на државата и на граѓаните за да може проблемите трајно да се решат.

-Граѓаните кои не можат да го остварат своето уставно загарантирано право имаат еден проблем, а тоа е Влада на СДСМ и ДУИ. Така што, единствен начин да се надминат сите овие проблеми е да се делува инванзивно, а тоа е победа на здружената опозиција и катастрофален пораз на оваа неспособна власт предводена од СДСМ и ДУИ. Тоа е единствениот начин да се надминат сите проблеми на граѓаните. Доколку и понатаму ги констатираме проблемите или ги додаваме едни на други, а истото решение го одложуваме, тоа не значи и трајно решение. Затоа она што е моја порака денеска и она што јас сакам да го кажам е конечниот пораз и конечното решение на сите проблеми на граѓаните е пораз на СДСМ на локалните избори, ново владино мнозинство понатаму, веднаш после поразот на власта на локалните избори нови луѓе со нова визија, мотивирани и храбри да работат за интересите на државата и на граѓаните. Сѐ останато е одолговлекување на неспособноста и агонијата, заврши Мицкоски.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски