СДСМ: Мицкоски и денес се сокри зад партијата и не одговори како станал асистент на својот татко

Од:

СДСМ реагира на денешната изјава на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Христијан Мицкоски и денеска се сокри зад партијата и не одговори на јавно поставените прашања како станал асистент на својот татко.

Тоа доволно потврдува дека е основан сомнежот дека е градена преку семејни врски.

ВМРО ДПМНЕ зборува невистини кои што немаат врска со реалноста. Очигледно мисли дека со нови измислени лаги ќе успее да го сврти тргне вниманието од прашањата поставени до Христијан Мицкоски.

Целата политичка агенда, целото политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ е сведено на лаги, лажни вести, во очаен обид неосновано да го оцрнат претседателот Зоран Заев и неговото семјество.

Граѓаните ќе го ценат ваквиот начин на делување на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски да не се сокрива зад партијата и лажните вести, туку да одговори како тоа од толку професори бил асистент токму кај неговиот татко“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат