СДСМ: Мицкоски да созрее, покажува дека нема државнички капацитет

Од:

Од СДСМ преку соопштение реагираат на прес конференцијата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„За вакво исклучително важно прашање, од највисок државен и национален интерес, Христијан Мицкоски покажува дека нема државнички капацитет ниту основно чувство за државност.

Оттука, СДСМ нема да навлегува во сите изнесени невистини и неодоговорно пласирани небулози од страна на Мицкоски.

Сите лажни тврдења на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ потонаа. Се покажа дека Владата и премиерот Димитар Ковачевски доследно се држеа до државните позиции во однос на преговорите со Бугарија во секој поглед и го штитат националниот интерес и македонскиот национален идентитет.

Ветивме дека ќе се избориме да ги задржиме клучните црвени линии кои со месеци ги повторуваме. Целосно го исполнуваме ветеното.

Во модифицираниот предлогот имаме чист Македонски јазик и историски прашања надвор од рамката.

Ветивме дека ќе има широк консултативен процес тогаш кога ќе имаме предлог кој е вреден за таква дебата. Сега е тоа време и како што ветивме го започнуваме.Секако дека уште утре ќе бидат изнесени детали за предлогот кој е доставен денеска.

Владата водеше мудра дипломатија, а кога дојде време транспарентно излегува во јавноста. Сето ова е резултат на добрата стратегија и позиции кои јасно ги постави премиерот Ковачевски.

Во консултациите треба да бидеме уште помудри, да го заокружиме овој процес кој е од исклучително значење за иднината на државата и идните генерации.

СДСМ ги повикува сите општествени чинители, сите политички партии, да се вклучат во консултациите и заедно да ја донесеме одлуката“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го проичита статутот

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски