СДСМ: Мицкоски да престане да се однесува лицемерно и неодговорно и да ги осуди протестите каде лекарите се нарекуваа „убијци“

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за целото времетраење на коронакризата ја покажуваат својата деструктивна и неодговорна улога во борбата со коронавирусот. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски наместо да повикаат на масовна вакцинација застанаа зад протестите на кои здравствените работници се наречени „убијци“, соопштува СДСМ.

„Дали за Мицкоски убијци се доктори и медицинскиот персонал кои го лекуваа додека беше заразен со коронавирусот?

Мицкоски да престане да се однесува лицемерно и неодговорно, да ги осуди овие срамни и навредливи протести, да се огради од нив и да почне да се бори против коронавирусот, кој се победува со вакцинација.

Редно е Мицкоски да повика на масовна имунизација сега откако мерките го предомислија да се вакцинира.

Остана неодговорено и прашањето кога Мицкоски ја примил вакцината, дали на почетокот на август кога објави на Фејсбук или на 31 август, кога кажа на телевизија.

Нема ништо необично за Мицкоски, политичар без став да се изгуби во сопствените лаги, да шири невистини.

Затоа поради таквото негово незрело и неодговорно однесување кое претставува опасност по здравјето на граѓаните одново ќе биде поразен на локалните избори“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски