СДСМ: Мицкоски да повика на вакцинација, а не да поткопува

Од:

– Растечкиот број случаи на новозаразени од ковид вирусот повикуваат на одговорност и разум од секој поединец, од целото општество. Исклучително е важно што повеќе граѓани да се вакцинираат во овој период и да не наседнуваат на лажни информации.Вакцините докажано штитат од тешки форми на болеста „Ковид-19“, од секој сој и се најефикасната алатка за справување со пандемијата рече на прес конференција пратеничката на СДСМ, Емилија Рамбабова.

„Новите рестриктивни мерки кои се најавени мора да стапат на сила пред состојбата дополнително да се влоши. Истовремено, сите граѓани треба да бидат внимателни и да ги почитуваат мерките за лична заштита. Тие не го „делат народот“ како што неодговорно вели Христијан Мицкоски, туку се нужни за заштита на граѓаните, здравствените работници и самиот здравствен систем. Се додека седи на страна, се додека го гледаме по кафани и теретани и ја игнорира маката на народот, Мицкоски останува политички и здравствен пироман. Затоа, и Мицкоски треба да излезе и да ги повика граѓаните да се вакцинираат, да ги почитуваат мерките, наместо да го поткопува здравствениот систем“ – рече Рамбабова.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

Мицкоски: Со ифтарската вечера испраќаме порака за единство и духовна поврзаност

Мицкоски за Савевски: Иако не се познаваме, сметам дека е добар избор за јавен обвинител

Горан Наумовски