СДСМ: Мицкоски да поднесе оставка и да се извини за сите лаги

Од:

„Христијан Мицкоски да понесе одговорност за својот политички дебакл, откако се разоткри уште една негова голема лага, дека има ново парламентарно мнозинство“, соопшти СДСМ.

„Слепо воден од желба за власт по секоја цена, тој седна на маса со оние коишто се против НАТО, против ЕУ, против Преспа, против добрососедските односи, против Рамковниот договор.

Но, се покажа дека со измами, со манипулации не може да се дојде до парламентарно мнозинство, се потврди, дека мнозинството пратеници се за напредок, за задржување на вистинскиот пат, за продолжување на европските интеграции, за добри односи со соседите и стабилни меѓуетнички односи, за економска сигурност.

Не му успеа на Мицкоски тоа што го посакуваше: дестабилизација, криза, враќање назад, рушење на постигнатото во однос на стратешките интереси на земјата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби