СДСМ: Мицкоски да не се крие зад подмладокот, туку да одговори што го советувал Груевски

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната изјава на Филип Ѓорѓиев, од ВМРО ДПМНЕ.

„Мицкоски да не се крие зад подмладокот на неговата партија туку јавно пред граѓаните да даде одговор што го советувал неговиот претходник Никола Груевски.

Дали Мицкоски го советувал за одлуката на владата на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на дневната евтина тарифа на струјата, што резултираше со повисоки сметки за граѓаните?

Дали го советувал Груевски да се намали производството на електрична енергија за да се увезува струја по повисоки цени, заради лично богатење на поединци блиски до ВМРО-ДПМНЕ?

Дали Мицкоски советувал да не се спроведуваат енергетските реформи заради заштита на одредни бизнис интереси?

ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидува да го оправда Мицкоски. Неспоредливо е тоа што Груевски имал 91 советник, и тоа само во периодот 2010-2016, кои ја чинеле државата односно граѓаните 1,73 милиони евра годишно. Ангажманите на советниците и соработниците на премиерот Зоран Заев се јавно обелоденети и за нив се издвојуваат тројно помалку средства од Буџетот.

Расипничкото, недомаќинско и нетранспаретно владеење се одлика на ВМРО-ДПМНЕ и тие се минато. Владата предводена од СДСМ, водејќи се од принципите на отчетност и транспарентност сите советници на премиерот Заев јавно ги објави на официјалната веб страница на Владата на Република Македонија. Тоа е вредносна разлика што за ВМРО-ДПМНЕ е несфатлива“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните