СДСМ: Мицкоски да не се крие зад лажните вести што ги пласира ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Христијан Мицкоски да не се крие зад лажните вести што ги пласира неговата ВМРО-ДПМНЕ, туку да излезе пред граѓаните и да соопшти за што е.

Или е за светла иднина, напредок, членство во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет или за уназадување, криминал, изолација, враќање назад кон темно минато.

Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ постојано зборуваше за референдум а сега нема јасен став.

Несериозно и неодговорно кон граѓаните и државата е да се нема јасен став за референдумот, за најважните прашање за иднината на државата.

Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ и НАТО.

Граѓаните се определени за светла иднина наместо за небиднина.

На референдумот на 30 септември граѓаните ќе изберат ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зајакнат и признаен македонски идентитет од целиот свет.

Да за македонската иднина“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ

(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите

СДСМ: Лефков нека се скрие во дупка, се брука и себе и ДПМНЕ

СДСМ: Владата им подготвува историска имама на пензионерите

(ВИДЕО) Талески: Одбиени сите амандмани на СДСМ, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ заложници на Тошковски за партиска милиција

(ВИДЕО) Димитриевски: ВМРО-ДПМНЕ ги излажа земјоделците, намалени субвенциите за прв пат во историјата