СДСМ: Мицкоски да не се крие, да каже која е неговата поврзаност со скандалот со криминални парцели

Од:

Од СДСМ преку соопштение бараат лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да се огласи по прес конференцијата на Славјанка Петровска.

„Во јавноста секојдневно излегуваат детали за скандалозна препродажба на земјиште каде вмешани се функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓу нив е и Влатко Илиевски, човек од личното обезбедување на Мицкоски кој продал земјиште по неверојатна цена од 500.000 евра.

Наместо да се крие зад портпаролите Мицкоски да излезе пред јавноста и да одговори каква е неговата поврзаност со овој скандал?

Дали со негово одобрување и знаење се склучени договорите?

Дали разликата од препродажбата како црни пари завршиле во Белиот дворец за што постојат оправдани сомневања?

Затоа ли брзаше да се изгласа недоверба на Владата, за да го сокрие овој скандал“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он