СДСМ: Мицкоски да каже кои градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ правеле злоупотреби со струјата

Од:

Христијан Мицкоски преку невешти оправдувања призна дека дел од општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ направиле злоупотреба, формирајќи јавни претпријатија преку кои електричната енергија за улично осветлување од ЕВН ја добиваат по цена за домаќинства порачуваат од СДСМ.

– Мицкоски треба да знае дека АД ЕСМ произведува електрична енергија за граѓаните и стопанството, а не за неговите градоначалници да прават малверзации со струјата на штета на граѓаните. Мицкоски наместо да ги правда да каже кои градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ преку злоупотреби го прекршиле законот и на тој начин предизвикуваат поголемо покачување на цената на електричната енергија. Нервозен е Мицкоски откако се откри дека неговите градоначалници го изиграле законот за да обезбедат поевтино улично осветлување, но и откако се откри дека неговите блиски луѓе направиле малверзации со земјиште каде се проневерени 1,6 милиони евра. Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, останува пртија на криминал, малверзации и дејствување на штета на граѓаните и државата се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

А1он

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО