СДСМ: Мега фрустрации на Никола Груевски  

Од:

Откако целосно се распадна бетонот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски мораше да се правда со нарачано интервју.

Самонареченото мега интервју на Груевски е огледало на сите негови фрустрации од тоа што граѓаните се на нозе, што без разлика на политичка, етничка или друга припадност се кренаа против неговото криминално владеење.

Приказните за странски служби, секташки однесувања и други бесмислени изјави зборуваат за тешката состојба во којашто се наоѓа уплашениот Никола Груевски.

Независните институции многу му пречат на Груевски затоа што ја потврдуваат вистината за неговото криминално владеење. Затоа го иритира нивната работата.

Груевски не може да ги лаже граѓаните. Па тој да беше навистина невин како што лажно сака да се претстави немаше да нарачува аболиција кај Ѓорге Иванов, спротивна на закон и Устав.

Граѓаните знаат дека Македонија се наоѓа во криза само за Никола Груевски да не оди во затвор.

Очигледно дека најголеми, мега фрустрации Никола Груевски сепак покажува кон лидерот на демократска Македонија, претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Не може да се помири аболицираниот Никола Груевски дека зборот на претседателот Заев е збор.

Рече дека избори на 5-ти јуни нема да има поради неисполнети услови и тоа се докажа.

Рече дека има уставен и законски основ за свикување на Собранието и тоа се докажа.

Аболицијата целосно ќе се поништи и одговорност ќе има. Тоа најмногу го плаши Никола Груевски.

Нема спас за аболицираниот Груевски ниту за неговото криминално друштво.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ бегаат од фер и демократски избори. Се плашат од соочување со граѓаните и одговорноста за криминалот и корупцијата.

Но, во Македонија ќе има слободни, фер, демократски и кредибилни избори. Зборот е збор, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“