СДСМ: Медиумските курири на Груевски го бранат криминалот со изборните измами

Од:

„Фамилијарните инсталации на ВМРО-ДПМНЕ во судството, од тефтерчето, наместо да го штитат Уставот и уставниот поредок, го рушат функционирањето на правдата и правната држава.

Медиумите на Никола Груевски се ставија во целосна одбрана на срамните одлуки за заштита на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ со изборните измами.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” коишто со месеци молчеа за милионите на нивните сметки, но затоа ревносно ги бранат партиски диригираните одлуки на Уставниот суд коишто ги испорачуваат партиските послушници на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Јавноста дозна за поврзаноста на „Република“ со даночниот рај на фамилијата, Белизе. Како и за поврзаноста на радиото Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Вистината за Македонија откри дека фирмата НВСП на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што братучедот на Груевски, Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Затоа Никола Груевски не сака слободни медиуми. Куририте и медиумскиот мрак му се потребни на Никола Груевски за да шират лаги во одбрана на криминалните активности, корупцијата и изборните измами што ги правел врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е уште една потврда зошто е потребна слобода на медиумите и зошто е неопходна регулација на медиумскиот простор во интерес на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски