СДСМ: Медиумските курири засилено шират невистини за да ги прикријат поразите на Груевски  

Од:

На денот кога се потврдија сите порази и капитулации на Никола Груевски, денот на распуканите бетони, медиумските курири се принудени засилено да шират невистини за да ја прикријат вистината.
 
Вистината е болна за криминалната власт.
 
Не само што ја очекува соочување со одговорноста за криминалот за сите изминати години, туку една по една мора да ги признаваат капитулациите на Никола Груевски.
 
Нема избори на 5-ти јуни, затоа што не се исполнети условите за слободни, фер и кредибилни избори од коишто Никола Груевски толку многу се плаши.
 
Нема да има уште едни криминални избори во Македонија.
 
Како што вети Зоран Заев, лидерот на демократска Македонија, во земјава ќе има само слободни, фер, демократски и кредибилни избори, со исполнување на сите услови.
 
Нема да има спас за криминалната власт на чело со Никола Груевски. Аболицијата во целост ќе се повлече, секој што го прекршил законот ќе одговара.
 
Зборот е збор.
 
А за лагите пласирани од „Инфомакс“ и останатите медиумски курири во коишто никој не верува, ќе следат соодветни тужби согласно законите, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар