СДСМ: Медиумските курири не знаат што да измислат за богатењето на Груевски

Од:

„Лагите и невистините веќе се станати секојдневие на медиумските курири. Секојдневните манипулации имаат за цел да ги сокријат криминалите на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски.

Медиумските курии веќе не знаат што да измислат па молчат за богатењето на Никола Груевски од 118.000 илјади евра за само една година. Само според официјално пријавени податоци.

Како тоа додека граѓаните крпат крај со крај и секојднено се иселуваат заради сиромаштија, Груевски со плата од 1.400 евра тргал на страна по 10.000 евра месечно

За три години, “Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” оствариле приходи од 3 милиони евра.

Затоа медиумските курири се вистински платеници коишто се ставаат во заштита на криминалот на Никола Груевски и се најголеми промотори на лагите и манипулациите на врвот на ВМРО ДПМНЕ.

Едно треба да е јасно, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири. Нема бегање од одговорноста.

Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија.

СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.

Денес, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата.

Слободна, демократска Македонија ја враќа правдата.

Нема спас за аболицираниот Груевски и неговото друштво. Секој што го прекршил законот ќе одговара“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот