СДСМ: Медиумските курири не можат да го сокријат криминалот на Груевски со измислици

Од:

„Никола Груевски и неговата криминалната банда нема да се спаси со секојдневните манипулации и измислици на медиумските курири.

Преку лаги и невистини, медиумските курири сакат да ги сокријат криминалите на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Ставот на меѓународната заедница е јасен – аболицијата да се поништи во целост и дека селективна правда не е прифатлива.

Овој став медиумските курири не го пренесоа, бидејќи се плашат од вистината и враќањето на правдата.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Затоа медиумските курири се вистински платеници коишто се ставаат во заштита на криминалот на Никола Груевски.

Едно треба да е јасно, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири. Нема бегање од одговорноста.

Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија.

СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.

Денес, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата.

Слободна, демократска Македонија ја враќа правдата.

Нема спас за аболицираниот Груевски и неговото друштво. Секој што го прекршил законот ќе одговара“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот