СДСМ: Медиумските курири на Груевски немаат граници во својата бездушност

Од:

„Гласилата на уредникот Никола Груевски „Прес24“ и „Курир“ шират невистини и манипулираат со јавноста.

Идентично како и за време на настаните во Куманово, кога Македонија се наоѓаше во исклучително тешка состојба.

Додека сите што и мисела добро на Република Македонија и нејзината иднина повикуваа на смирување, воздражност и присебност, само медиумските курири на Никола Груевски ја лажеа јавноста, ширеа невистини, подгреваа граѓанска нетрпеливост, тензии и конфликтност.

Медиумските курири на Никола Груевски немаат граници во својата бездушност и безобразност па дури и денес ја злоупотребуваат болката и тагата на семејствата на загинатите.

Со ова уште еднаш потврдуваат дека државата и граѓаните им се на последно место.
Додека Никола Груевски се криеше од граѓаните, претседателот Зоран Заев застана меѓу своите сограѓани споделувајќи сочувство и поддршка во најтешките моменти.

Граѓаните на Куманово и припадниците на безбедносните сили ја препознаа искреноста и одговорноста на претседателот на СДСМ и тоа е големата болка на Никола Груевски.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ до денес не одговорија зошто не ја спречилиле терористичко-криминалната група иако имале информации за неа“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците