СДСМ: Медиумски курири молчат, затоа што медиумски мрак е платен со народни пари

Од:

„Стана јасно зошто точно 51 ден молчат Курир, Република и Радио Слободна Македонија од каде им се милионите евра на нивните сметки, а молчат и институциите.

Медиумскиот мрак во Македонија, пропагандата, медиумскитехајки се платени со пари на граѓаните.

13 милиони евра, пари на граѓаните, Никола Груевски во само три годни ставил на сметките на телевизиите под негова контрола, Сител, Канал 5 и Алфа.
Затоа Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не се симнуваат од екраните на телевизиите Сител, Канал 5 и Алфа.

Уште позастрашувачки е фактот дека ден по трагичниот инцидент во Куманово на 9 мај, Груевски и неговите соработници во власта на Сител, Алфа и Канал5 префрлиле 2.600.00 евра народни пари.

Дали со тие пари се криело нешто и оркестрирано се лажеле граѓаните дека некој подготвувале дестабилизација на Македонија, иако информациите подоцна открија вмешаност токму на високи владини функционире?

Ова е класичен пример како Груевски преку своите курири креира лажна реалност и шири пропаганда.

Јасно е сега од каде се приходите од 1.3 милиони евра на Курир, за приходите од 1.1 милион евра на Република и приходите од 617 илјади евра на РадиоСлободна Македонија и за што се наменети овие народни пари.

Затоа, без да се обезбедатуслови за објективен и фертерен за натпревар, не се можнифер и регуларниизбори.

Без фер избори не е можна нормализација и стабилизација на Македонија.

НоватаВлада во Македонија што ќе ја предводи СДСМ ќеовозможи непристрасно и објективно информирање на граѓаните, бидејќи само вистински и информирани граѓани може слободно да носат одлуки за иднината на својата држава“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!