СДСМ: Медарите од ДПМНЕ се неспособни, Владата обезбеди парно за скопјани

Од:

Скопјани утрово на првиот ден од грејната сезона се разбудија со топли радијатори откако Електрани на Северна Македонија ги доби потребните лиценци за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија велат од СДСМ.

– 60.000 домаќинства од денес па до крајот на грејната сезона ќе имаат затоплување на своите домови затоа што Вчадата предводена од СДСМ го презеде управувањето со парното греење откако Град Скопје се откажа од него. Иако станува збор за дејност за која е надлежен Град Скопје, градската власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска избега од оваа одговорност во време на светска економска и енергетска криза. Очигледно дека на неспособните медари од ВМРО-ДПМНЕ не им се важни граѓаните, туку се интересираат единствено за местење тендери и делење провизии. Покрај тоа што бега од обврските, ВМРО-ДПМНЕ преку пратениците продолжува да ја кочи работата на Собранието и блокира важни закони меѓу кои и Законот со кој се обезбедуваат 100 милиони евра за непречено работење на ЕСМ во време на криза се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ