СДСМ: Материјалите се на сигурно, никаков хакерски напад не сме пријавиле

Од:

Не е точно тврдењето на одредени портали дека групата „Македонски анонимуси“, која најави контра-кампања против лидерот Зоран Заев стигнеле до материјалите кои ги поседува партијата. Тие тврдеа дека групата го хакирала компјутерскиот систем на СДСМ.

Не точно и тврдењето дека СДСМ во полиција пријавила хакерски напад од оваа група.

– Нам ни се познати активностите на оваа група и очекуваме наскоро тие да објавуваат валканици и глупости. Но, материјалот што го поседуваме за криминалите на власта е на безбедно и не сме имале потреба да пријавуваме било што во полиција. Тие работи се комплетно неточни, изјави вечерва за Плусинфо, извор од раководството на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“