СДСМ: Масовната посетеност докажа дека сме партија што ги обединува граѓаните и води напред

Од:

„СДСМ изразува благодарност за големата поддршката од граѓаните, од членовите и симпатизерите на вчерашната трибина во преполната сала „Борис Трајковски“ во Скопје.

Масовната посетеност докажа дека СДСМ е партија што ги обединува граѓаните и води напред. Над 10.000 граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите останати вчера испратија силна порака дека државата е на прав пат и треба да продолжи по вистинскиот пат.

Граѓаните ги препознаа вредностите, ги чувствуваат придобивките од успешните политики и даваат поддршка на концептот што води напред кон повисок животен стандард, кон повисоки плати и пензии, кон интеграција во ЕУ и НАТО.

На 12 април уште еднаш ќе потврдат дека тоа е вистинската опција, се друго е враќање назад во темнина, изолација и неизвесност.

Заедно со граѓаните продолжуваме по вистинскиот, правиот пат“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“