СДСМ: Маржата за трговија со струја ограничена на 10% во интерес на компаниите, училиштата и други субјекти

Од:

Владата предводена од СДСМ презема јасни, навремени и ефикасни чекори за надминување на последиците од енергетската криза. Редовно и непречено снабдување со струја но и заштита на стандардот на граѓаните и компаниите се врвните приоритети за Владата во време на најголема светска енергетска и економска криза, се вели во партиското соопштение од СДСМ.

„Во таа насока е и Одлуката што Владата ја донеса а со која највисоката трговска маржа на електричната енергија за сите трговски друштва и трговци поединци кои вршат трговија на пазарот со електрична енергија на големо и на мало се утврдува во висина најмногу до 10%.

На тој начин им се излегува в пресрет на компаниите и потрошувачите кои со електрична енергија се снабдуваат на слободниот пазар. Ова значи сериозно намалување на трошоците за електрична енергија на компаниите, училиштата и други субјекти кои добиваат струја од слобдниот пазар.

Како одговорна партија продолжуваме да наоѓаме решенија за справување со последиците од глобалната економска и енергетска криза, но и да ги помагаме граѓаните, компаниите и сите други кои имаат потреба од поддршка“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори

Кој ќе ги снабдува граѓаните со струја ќе се знае од крајот на април: Комисијата се уште не закажува наддавање

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

Битиќи: Субвенцијата во сметките за струја е 84 отсто

А1он

Во сметките за струја за јануари ќе го нема надоместокот од 200 денари за пристап на мрежа

Орце Костов