СДСМ: Македонскиот јазик и идентитет остануваат признаени

Од:

„Зошто само на ВМРО-ДПМНЕ му пречи тоа што македонскиот идентитет е признаен од целиот свет? Што има ВМРО-ДПМНЕ против влез во ЕУ и НАТО со заштитени и загарантирани македонски јазик и идентитет?

Македонско – грчкиот Договор јасно ги дефинира термините Македонец, Македонка, македонско, македонски и трајно ги заштитува македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската посебност за никој повеќе да не може да ги негира или оспорува.

Крајно време е матрицата на ширење лажни вести ВМРО – ДПМНЕ да ја замени со искрена, одговорна, државотворна поддршка за македонската иднина, за членството на Македонија во ЕУ и НАТО и успешност на претстојниот референдум.

Тука сме да му помогнеме на Христијан Мицкоски за да се охрабрат, да размислат и да донесат став за референдумот, за иднината.

Граѓаните се одлучни и цврсто определени ЗА европска Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски имаат доволно време да се приклучат кон мнозинството граѓани и да дадат поддршка на процесите што водат во ЕУ и НАТО“, се вели во реакцијата на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски