СДСМ: Македонскиот јазик е признат, дел е и од нашата лична карта во ООН

Од:

„Александар Николоски и ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од ширење лажни вести и конструирање неспостоечки случаи, иако претходно нивните лаги ги демантираа и Европската Унија и Обединетите нации.

Истиот Николоски јавно тврдеше дека ООН лошо ги оценила владините мерки за справување со кризата, за потоа да стигне реакција од ООН во која беше наведено дека организацијата воопшто не ни дискутирала за мерките во Северна Македонија, а не пак да дала некаква оценка. Уште еднаш вистината ги демантираше лагите на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата на прес-конференција на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Истото се случи и со тврдењата дека Бугарија го проблематизира почетокот на преговори на нашата држава со Европската Унија, за потоа да стигне демант од ЕУ дека едностраната изјава на Бугарија не ги менува заклучоците на Советот за општи работи на ЕУ за отворање на преговорите, поддржани и од Европскиот совет. Со ова, уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ е разобличена.

За разлика од лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ преку одговорни и сериозни политики обезбеди сигурна и стабилна иднина со загарантиран и признаен идентитет. Македонскиот јазик е признаен и потврден и со договорот од Преспа, тоа е влезено во личната карта на нашата држава во Обединтетите нации, македонскиот јазик е во употреба во повеќе меѓународни организации, вклучително и ЕУ.

Секојдневно се потврдува дека целиот систем на функционирање на ВМРО-ДПМНЕ е поставен врз креирање лажни вести и пласирање невистинити информации со кои само и штетат на државата и на граѓаните“, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар