СДСМ: Македонската јавност заслужува да знае како преку ноќ настана портокаловата буржоазија

Од:

Крајно лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да говори или кого било друг да обвинува за луксузирање, бидејќи тие се прваци на луксузот, реагира СДСМ на на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за Радмила Шекеринска.

„Сите носители на јавни функции во СДСМ, вклучително и Шекеринска, имаат наведено начин на стекнување за сѐ што пријавиле во своите анкетни листови. Многу поважно е прашањето на кое јавноста со години чека одговор: Со кои пари пензионираната медицинска сестра Надежда Груевска купи неколку станови во Скопје?

– За македонската јавност сѐ уште е нејасно и на кој начин Гордана Јанкуловска успеала за брзо време да се стекне со неколку станови во Скопје, како и начинот на кој Влатко Ѓорчев стана сопственик на палата во Бардовци? Македонската јавност заслужува да знае како преку ноќ настана портокаловата буржоазија.

– Инаку, кога ВМРО-ДПМНЕ говори за цената на струјата, не смее да го изостави фактот дека од нивното доаѓање на власт во август 2006 г., па сѐ до сега, цената на струјата е повисока за дури 74%, што е директна последица на планираното увезување една милијарда долари скапа увозна струја“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?