СДСМ: Македонската иднина е над меѓупартиските полемики

Од:

„Сите политички партии, а пред се ВМРО-ДПМНЕ мора да покажат одгворност за историскиот момент и иднината на државата и нејзините граѓани да ја стават над дневната политика.

Интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е поголема и поважана од сите политички партии, а прашањето за трајно зачувување и признавање на македонскиот идентитет е далеку поважно од меѓупартиските полемики.

Македонија се определи! Политички партии, граѓани, невладини организации, се определени за македонска иднина во ЕУ и НАТО.

Иднината е иста за сите и таа не познава етнички, религиски или политички разлики. Затоа, упатуваме повик до ВМРО-ДПМНЕ, да ја искористат шансата, да покажат дека навистина се ЗА ЕУ и НАТО, дека се ЗА европска Македонија. Тоа е шанса, на дело да ја покажат нивната децениска заложба за евроинтеграција.

Време е сите да бидеме едногласни во остварувањето на нашите стратешки и национални интереси.

Во интерес на иднината, сите треба да се приклучат, да излезат и да гласаат ЗА европска Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт