А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Македонија не е веќе заробена туку слободна и правна држава, законите важат за сите подеднакво

by А1он30/04/2018 - 16:2989
Share0

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО ДПМНЕ.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Врв на лицемерие е ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на криминал, корупција и неспособност да зборува за заробена држава, кога токму за време на нивното владеење Македонија беше категоризирана како заробена држава.

Тоа беше времето кога оф шор шемите на братучедите се стремеа целото стопанство да го претворат во семеен бизнис на фамилијата.

Граѓаните ја ослободија заробената држава. Денеска Македонија е слободна, демократска, напредна и правна држава. Следува одговороност за целокупниот криминал во изминатите 11 години.

Следете a1on на Youtube YouTube

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев им служи на граѓаните, одговорно и транспарентно се однесува пред нив, пред законите и државата.

Се што поседува претседателот на СДСМ е прикажано во пријавениот имотенлист јавно објавен и достапен за јавноста.

Како што и јавноста е повеќепати информирана ова се однесува и за вицепремиерот Кочо Анѓушев кој транспарентно го објави имотниот лист и јавно се обврза дека ќе ги внесе сите евентуални промени во законски предвидениот рок.

ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да разбере дека законите важат за сите подеднакво.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да им понуди ништо на граѓаните освенизмислиците и лажните вести кои остануваат единствен начин на делување на опозициската партија која не покажува капацитет да ги надмине поразените политики на пропаганда и манипулација“ се вели во реакцијата на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

Катерина Ѓуровски05/11/2026 - 12:32

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски03/11/2026 - 11:4303/11/2026 - 12:19

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Горан Наумовски27/10/2026 - 15:13

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Горан Наумовски26/10/2026 - 09:24

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 11:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео