СДСМ: Македонија ќе добие нова Влада, и Груевски знае што следува, затоа избега!

Од:

„Неопходно е сите политички субјекти и поединци во државата да ја сфатат својата обврска да овозможат да се реализира мнозинската волја на граѓаните, кои избраа промени, заедништво и очекуваат нова реформска Влада.

Ваквата состојба не носи ништо добро на луѓето, освен на малата група криминалци предводена од Никола Груевски, кои стравуваат за својата слобода, но тоа не смее и нема да биде причина за блокада на државата!

Граѓаните и Република Македонија имаат итна потреба од деблокирање на демократските процеси!

Никола Груевски нема аргументи за политичката криза со којашто до кулминација ги загрозува егзистенцијата на граѓаните, бизнисите, мирот и стабилноста во Македонија.

Да имаше што да им објасни Никола Груевски на граѓаните околу ова што го прави, немаше да ги остави неговите пратеници со апсурдни реплики сами на себе, да одат против нивното човеково достоинство и против достоинството на Парламентот. Ниту пак ќе ги оставеше граѓаните кои ги возменирува со лаги, да ги минуваат деновите сами по улиците. И се тоа додека тој се шета и крие на Малта.

Има парламентарно мнозинство видливо за целата домашна и меѓународна јавност. Има и Програма на новата реформска Влада за унитарана Македонија која носи квалитетен живот за сите граѓани и евро-атлански перспективи.

И волјата на мнозинството граѓани ќе се реализира, бидејќи тоа вистинскиот пат за Република Македонија и тоа е добрата иднина на граѓаните.

Македонија ќе добие нова реформска Влада низ демократски процедури. Тоа е незапирлив процес“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ

(ВИДЕО) Тренчевска: Историска измама, со линеарното покачување власта ги краде пензионерите

СДСМ: Лефков нека се скрие во дупка, се брука и себе и ДПМНЕ

СДСМ: Владата им подготвува историска имама на пензионерите

(ВИДЕО) Талески: Одбиени сите амандмани на СДСМ, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ заложници на Тошковски за партиска милиција

(ВИДЕО) Димитриевски: ВМРО-ДПМНЕ ги излажа земјоделците, намалени субвенциите за прв пат во историјата