СДСМ: Македонија има историски највисок долг

Од:

„Расипничкото трошење на буџетските пари од страна на ВМРО-ДПМНЕ резултираше со историски највисок јавен долг во висина од 4.7 милијарди евра. Огромниот јавен долг и непродуктивното задолжување останува единственото наследство од десетгодишното владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Додека илјадници млади ја напуштаа земјата, а граѓаните преживуваа, Груевски, Ставревски и Миновски ја неконтролирано ја задолжуваа државата за да си ги задоволат сопствените желби и каприци. Наместо да спроведуваат издржани економски политики, тие десет години се занимаваа со задолжување и со криење на долгот кон домашните компании.

Груевски и ВМРО-ДМНЕ ја донесоа економијата пред бездната, а со расипничкото задолжување ги заглавија идните генерации да ги враќаат долговите направени заради популизам.

Затоа после 10 години крчмење на буџетот ВМРО-ДПМНЕ не смее повеќе да управува со парите на граѓаните. Затоа на 11 декември граѓаните ќе го поддржат Планот за живот во Македонија и ќе изберат живот во Македонија. Ќе изберат Влада која со Буџетот ќе управува одговорно и домаќински.

По промените, новата влада предводена од СДСМ со буџетот ќе раководи транспаренто и одговорно, а криењето на јавниот долг ќе биде кривично дело. Ќе формираме независен фискален совет, совет кој ќе обезбеди транспарентност во фискалната политика и кој ќе биде составен од независни експерти кои ќе се бираат во Собранието.

Како најважна мерка против задолжувањето ќе биде ставањето крај на непродуктивното задолжување. Никогаш повеќе Македонија нема да се задолжува за градење споменици, галии и Панорамски тркала. Никогаш повеќе нема да се задолжува за да се финансираат скапи и неодржливи проекти.

Македонија ќе има чесна и одговорна Влада која со парите на граѓаните ќе управува транспарентно и секој граѓанин ќе биде контролор на трошењето на парите од Буџетот. На 11 декември ставаме крај на аздисаноста и неконтролираното задолжување. На 11 декември го враќаме животот во Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски