СДСМ: Македонија е надвор од ЕУ само заради ВМРО-ДПМНЕ

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија е надвор од ЕУ само заради ВМРО ДПМНЕ.

Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски со своите погубни криминални политики ја оддалечува државата од евроинтеграциите од Македонија направија заробена држава.

Денес ВМРО-ДПМНЕ предводено од неспособниот Христијан Мицкоски работи спротивно на интересите на граѓаните и го кочи процесот за полноправно членство во ЕУ.

Антизападото ВМРО-ДПМНЕ од ракав вади бројки и крајно неодговорно шпекулира за воведените заштитни мерки за ограничен пристап на европскиот пазар за производите од челик и железо во ЕУ.

Заштитните мерки за ограничен пристап на европскиот пазар за производите од челик и железо, кои ги воведува Европската унија се однесуваат за таканаречените трети земји.

Владата предводена од СДСМ е во постојана мисија да обезбеди изземање на Република Македонија од статусот „трета земја“, со што ќе се овозможи слободен и неограничен пристап на европскиот пазар на производители на челик и железо.

Ресорните министри исто така се во постојан контакт со домашните производители за да се обезбеди непречена комуникација која ќе ги заштити производителите и нивните вработени.

Владата ќе се бори за целосно изземање на Македонија од овие мерки, а ќе очекува доколку бидат воведени, националните квоти за Македонија да бидат значително повисоки од привремените кои во моментов се во примена.

Како земја кандидат од 2005 година, но и земја која веќе има потпишано Договорот за стабилизација и асоцијација во 2001 година, Македонија не претставува целосно „трета земја“ за Европската Унија, туку напротив, претставува земја идна членка на Унијата, со која има длабоки политички и економски релации.

Владата останува посветена на надминување на овој проблем и навремено ќе ја информира јавноста“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски