СДСМ: Македонија доби место во НАТО, обезбедена светла и сигурна иднина за граѓаните и државата

Од:

„Македонија го доби своето место во НАТО, обезбедена е светла и сигурна иднина за граѓаните и државата

Земјите членки на НАТО го потпишаа Протоколот за пристапување на Македонија во Алијансата, Македонија доби свое место во најмоќниот безбедносен сојуз во светот.

Од земја во долгогодишна изолација и неизвесност, Македонија денес е на иста маса, рамо до рамо со државите од демократскиот свет.

Потпишувањето на Протоколот е потврда за успешната меѓународна политика, признание за вложениот труд во реформите, визионерството во решавањето на отворените прашања со соседите и градењето пријателски однос со демократскиот свет.

Интеграцијата во НАТО значи гарантирана безбедност и стабилност, сигурност на нашите граници но и огромни економски придобивки за граѓаните, пораст на инвестициите, повеќе пари, зголемен економски раст.

Обезбедена е светла и сигурна иднина за граѓаните и државата.

Успехот на Македонија е успех на сите граѓани и најголем пораз за сите деструкции, на сите обиди да се спречи напредокот на земјава кон НАТО, да се блокираат процесите кои не водат напред“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата