СДСМ: Македонија бара промени, не поминуваат манипулациите со анкетите!

Од:

„Во страв од промени и соочување со одговорноста за целокупниот криминал во изминатите 10 години, Никола Груевски панично се обидува да манипулира со јавното мислење на граѓаните.

Речиси сите податоци во анкетата што денеска беше објавена од агенцијата „Фактор плус Адриа“ покажуваат дека граѓаните се крајно незадоволни и загрижени.

Економската состојба во земјава 80% од граѓаните ја оценуваат како многу лоша. Граѓаните сметаат дека нема независно судство, дека медиумите се контролирани од власта и дека во изминатите три години власта ја води земјата во погрешен правец.

Ако се земе во предвид оргомното незадоволство на граѓаните не може рејтингот на главниот виновник за катастрофалната состојба во земјава, ВМРО-ДПМНЕ, да биде висок.

Граѓаните знаат какво е нивното мислење, а тоа е збогум на лошата економска, социјална, образовна и лошата здравствена политика, збогум на иселувањето на младите и осиромашувањето на граѓаните.

Граѓаните бараат промени и промените ќе се случат. Тоа е незапирлив процес.

Преку изборни грабежи, купување гласови, закани, уцени, заплашувања, во изминатите изборни циклуси Никола Груевски ја узурпираше власта.

СДСМ заедно со граѓаните создава услови за одржување на фер, слободни и демократски избори што ќе ја гарантираат слободно изразената волја на граѓаните. Изборните грабежи и изборниот криминал, никогаш повеќе да не се повтори во Република Македонија.

Нормализацијата на институциите и враќање на контролата кај граѓаните ќе гарантира почитување на законот и уставот. Секој којшто ќе се обиде со закани, уцени, притисоци или на било кој друг начин да влијае на загарантираното право на граѓаните за гласање по слободна волја на изборите, ќе сноси одговорност и последици согласно законот“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

Филипче: Нема да бидеме параван на пропаднатите политики за ЕУ на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС им пречи што ЈПДП има зголемена наплата за 1,1 милион во јули оваа споредено со минатата година, затоа го напаѓаат Трајановски

Петрушевски: ДУИ додека беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација, прочитани се

Предраг Петровиќ

СДСМ: Шефот во ЈПДП поставен од Трајановски фатен во нови злоупотреби, не плаќа патарини

СДСМ: Секој ден се палат коли во Скопје, неспособноста на Тошковски е закана за безбедноста

Предраг Петровиќ

СДСМ: За шеф на патарините е назначен човек со бројни злоупотреби зад себе

A1on