СДСМ: Мачкање очи е намалувањето на цените на училишен прибор, да се намалат цените на храната

Од:

Владата наместо да ја намали цената на храната, како што тоа го правеше СДСМ и вистински да ги поддржи граѓаните, тие со цел да замачкаат очи кај граѓаните ги намалија цените на гумите и моливите. Освен што мерката е задоцнета, таа не ги решава на ниеден начин проблемите на граѓаните со високите цени за храната и сите основни производи. Сега граѓаните моливи за децата ќе купуваат дома, а храна во соседна Србија или на друго место каде е поевтина, затоа што само за еден месец за над 600 денари е поскапена основната потрошувачка кошничка, тврдат од СДСМ.

„Граѓаните со право реагираат на оваа манипулација. СДСМ бара итно да се донесат мерки за замрзнување на цените на основните производи по примерот на претходната Влада кога на тој начин се штитеше стандардот на граѓаните. Граѓаните паметат дека оваа политика беше остро напаѓана од ВМРО-ДПМНЕ кое велеше дека тоа не било доволно, но сега кога се на власт не прават буквално ништо за да ги намалат цените.

ВМРО-ДПМНЕ прво ги замрзна платите, а сега не сака да ги заузда цените кои неконтролирано растат. Оваа состојба е неиздржлива и ќе го уништи стандардот, секое семејство ќе има се помалку и помалку за живеење. Додека од една страна Мицкоски се фали инвестиции на СДСМ од друга страна прави се за да го спушти стандардот и економски заслабне граѓанинот“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он