СДСМ: Лошата глума на Груевски за најсмешни видео инсерти

Од:

СДСМ за прес конференцијата на која Бичиклиски бараше одговори за „шверцот со нафта“ испрати соопштение во кое вели дека владеачката партија е во очај.

„Ваквите прес конференции на ВМРО-ДПМНЕ може слободно да конкурираат за најсмешни видео инсерти или за наградата “златна малина“ заради ефтината и многу лоша глума на Груевски и неговите следбеници.

Едно е сигурно, упорното форсирање на лаги, манипулации и конструкции само потврдува во каков очај, паника и безидејност ја има зафатено владејачката партија.

Срамота е за партија која веќе шест години ја има целата власт во државата, да се повикува на монтирани изјави на криминалци кои за лична корист се подготвени буквално се’ да направат.

Но, тоа е нивна работа и избор, СДСМ останува посветен на теренските активности во рамките на “работното лето“, во кои за нас врвен приоритет останува да разговараме со што е можно повеќе наши граѓани, да ги слушнеме нивните маки и да понудиме решенија за нивните проблеми.

А што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, тие слободно може и понатаму да прашуваат и да се однесуваат како партија во опозиција“, пишува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО