СДСМ: Листата на лекови за ретки болести е проширена, буџетот зголемен на 380 милиони денари

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е симбол за негрижа за пациентите и урнисување на здравството. 11 години оваа партија преку своите криминални политики ги газеше правата на пациентите, ги потценуваше докторите и нивниот труд , а здравствениот систем доживеа тотален колапс.

Денеска пак како опозиција преку лажни вести се обидува да манипулира со граѓаните. На овој начин, само потврдува дека има целосно несериозен пристап за сериозни прашања како што е здравјето на граѓаните.

Наспроти негрижата кон пациентите од страна на ВМРО ДПМНЕ , денес Владата предводена од СДСМ дава вистински пример за грижа кон своите граѓани.

Министерството за здравство информираше дека за првпат во Република Северна Македонија е воведен електронски регистар за следење на лицата со ретки болести. Истовремено, се проширува листата со лекови за ретки болети, со тоа што минатата година се воведоа 3 нови лекови, додека за оваа година воведени се два нови лека за ретките болести.

Буџетот за ретките болести, оваа година изнесува 380 милиони денари, со заложби на Владата овој буџет да се зголеми на 450 милиони денари. За разлика од претходната 2017 година кога изнесувал 210 милиони денари и 2018 година 224 милиони денари.

ВМРО ДПМНЕ наместо да шири невистини, треба да заземе посериозен пристап за прашањаta во здравството кои се пресериозна тема.

Набавката којашто ја споменува ВМРО ДПМНЕ е дел од спроведувањето на Програмата за борба против ХИВ. Програма што се спроведува со невладиниот сектор за превенција и едукација за сексуално преносливите болести. Најголем дел од планираните средства ќе се искористат за набавка на антивирусна терапија и тестови за следење на ХИВ инфекцијата, додека пак дел од средствата се наменети за едукација“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Маја Славева од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната